Со Catrice и essence постигнете изглед од 1980-тите!

Трендовите во шминката, како што е агресивната естетика на „жената на мафијаш“, нѐ натераа да ја вклучиме временската машина и да се вратиме во 80-тите години на минатиот век

Фантастичниот стајлинг на Мајли Сајрус на годинешните греми-награди, кој нѐ потсети на златната ера на Тина Тарнер, нѐ поттикна да го пребараме несесерот – за уште еден, сосема поинаков, минималистички изглед на оваа декада!

Веќе некое време на секој чекор се чувствува враќањето на естетиката од 1980-тите, а фризурите и трендовите на шминкање во тој стил завладеаја на социјалните мрежи.

„Жената на мафијаш“ е естетика инспирирана од последните децении на 20 век, а се карактеризира со „претерани“ аутфити, како што се леопард-принтот, златниот накит, црната кожа и крзното.

Исто така, во оваа естетика, која стекна популарност особено на ТикТок, има претерување и во однос на шминката и фризурата, така што за скромноста нема место.

Сè на сè, ова е добар поттик за зајакнување на жените, испраќа јасна порака дека е време за експериментирање – прво со изгледот!

Ви претставуваме три изгледи инспирирани од естетиката на 1980-тите, а со нашите фаворити од портфолиото на Catrice и essence ќе бидете – и забележани и свои!

Усните во фокусот

За да го постигнете класичниот изглед од 1980-тите – со акцент на усните – доволно е да додадете течен кармин во интензивна боја.

Пожелна е и сенка за очи, која ќе изгледа впечатливо, а вештачките трепки се тука за уште подраматичен изглед, за да се заокружи приказната од една од најинспиративните децении. Играјте си, бидете храбри и бидете свои!

Диско-кралица

Зошто да не пробате нешто малку поекстравагантно?

Ерата на диското никогаш не излегува од мода, таа беше инспирација за многу луѓе, а за овој изглед најмногу трпение ќе ви треба за лепењето на вештачките трепки на долните очни капаци.

Сѐ друго е игра! Несекојдневната сенка се подразбира – за да им даде дополнителен акцент на очите.

Бидете смели кога го креирате овој изглед – а хајлајтер со „диско-сјај“ е повеќе од пожелен!

Минимализмот од 1980-тите

Мајли Сајрус на сите ни одржа лекција за стил на доделувањето на греми-наградите, но, освен со гардеробата, таа воодушеви и со совршената шминка и одличната фризура.

 

Нејзиниот изглед, кој сите ги потсети на најдобрите изданија на славната Тина Тарнер, беше коментиран со недели.

Шминкерите на Мајли постигнаа впечатлив изглед со само неколку едноставни чекори – како што се нежно контурирање, сенка на линијата на окото, исцртување на работ на окото со ајлајнер и нанесување невпечатливи вештачки трепки.

Оваа шминка можете да ја носите и во текот на денот, но и навечер – одговара со секоја облека.

Текст и фото: ПР

 

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.