Вака го забрзувате стареењето! Важни чекори за нега на кожата кои постојано ги прескокнувате!

Ова се најдобрите стручни совети за нега на лице кои ќе ви помогнат да ја одржите кожата еластична!

Избегнувањето на предвременото стареење е многу полесно отколку што може да замислите. Најважно е да не ги прескокнувате важните чекори за нега на кожата.

Дехидрација

Дерматологот д-р Дев Пател објаснува дека на нашата кожа очајно и е потребна вода за да ја одржи својата еластичност. И како што старееме, таа потреба само се зголемува бидејќи способноста на кожата да ја задржува влагата природно се намалува поради постепеното распаѓање на липидниот слој. Што на крајот доведува до дехидрација на кожата.

Покрај тоа, не само возраста, туку и ниската влажност на воздухот, загадената средина можат да влијаат на намалувањето на нивото на влажност на кожата. Во секој случај, важно е да ја нахраните и навлажнете кожата не само со помош на креми. Пијте доволно вода – најмалку еден и пол литар дневно.

Избегнување на креми за сончање

Штетните УВА и УВБ зраци од сонцето значително придонесуваат за видливите знаци на стареење. За да одржите здрава кожа, изберете крема за сончање на база на минерали имајќи ја предвид вашата клима. Колку повеќе сонце, толку повисок заштитен фактор треба да има вашата крема. Недостатокот на секојдневна употреба на заштитен фактор може да го зголеми ризикот од развој на меланом, тешка форма на рак на кожата.

Не употреба на ретинол

Со возраста, клеточната делба природно се забавува: на околу четири до шест недели наместо претходните две до четири недели. За да се ублажи неизбежното, д-р Пател препорачува да го вклучите ретинолот во вашата рутина за нега на кожата за да го забрзате обновувањето на клетките, но задолжително консултирајте се со дерматолог пред да ја донесете оваа одлука.

Не внимавате што јадете

Раното стареење на кожата често е предизвикано од пушење, алкохол, лоша исхрана и недостаток на сон и одмор. Експерт за нега на кожа препорачува што е можно поскоро да го преиспитате вашиот животен стил, бидејќи целосното разбирање на последиците од таквиот избор ќе ви помогне навреме да го забавите стареењето на вашата кожа и да ја зачувате младоста и убавината.

Не користете козметика против стареење

Покрај забавувањето на клеточната делба, како што старееме, нашите тела неизбежно почнуваат да произведуваат помалку колаген, кој е неопходен за одржување на младешка кожа. Колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело, па затоа е важен не само за кожата на лицето, туку и за косата, ноктите и зглобовите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.