Сакате да ја изберете вашата идеална пудра за свежо лице со блескав ефект: ЕВЕ КАКО!

Дознајте како

Нанесувањето пудра е алегорија слична на градењето темели на куќата, таа е првиот и можеби најважен чекор за постигнување идеален изглед.

Една од почетничките грешки кои ги правиме во потрага по идеална пудра за лице, е тоа што ги испробуваме нијансите на кожата на рацете. Некако најприродно ни доаѓа да нанесеме таму пудра, да ја размачкаме и да ја погледнеме под неонските светилки во продавниците.

Секогаш испробувајте ја пудрата на вратот или во внатрешниот дел на рачниот зглоб.

Ова е прво и основно правило. Нанесете мал слој пудра на вратот или зглобот и размачкајте. Обрнете внимание како се одвива нанесувањето (лесно, потешко), како се слева со кожата, дали има мазен финиш или уште на почетокот остава линии и „распукува“.

Светилките во продавниците не оддаваат реална слика за тоа како изгледа пудрата на лицето.

Најдобро е истата да се испроба на природна светлина, а доколку не можете да се одлучите направете селфи од неколку различни агли и видете дали новата пудра е прилагодена на бојата на кожата.

Доколку сте во можност земете тестер или мала количина од пудрата во кутија.

Нанесете ја на лицето и погледнете како истата ќе се однесува во рок од неколку часа. Некои типови на пудри имаат тенденција да оксидираат после одредено време, односно ја менуваат бојата, други пак, почнуваат да ги испуштаат маслата кои ги содржат во својата формула, правејќи вашето лице да „светне“ за краток временски период.

Проблемот со идеална пудра е половина решен доколку знаете точно каква кожа имате. Но постојат пудри кои одговараат на сите типови на кожа, ние ви ја препорачуваме пресуваната пудра Max Factor Facefinity Compact.

Оваа пудра ги комбинира удобноста, но и својствата на течната пудра, обезбедувајќи ја посакуваната мазна и сатенска завршница. Технологијата Perma-wear обезбедува целодневна боја отпорна на избледување и беспрекорна покриеност која трае до 8 часа.

 

Max Factor Facefinity Compact содржи и заштитен фактор 15 за заштита на кожата од сончевите зраци. Заборавете на неконтролираниот сјај и за совршена мат основа за шминка со беспрекорна завршница испробајте ја Facefinity Compact Foundation, ќе се воодушевите од резултатот.

 

Побарајте ја во парфимериите на „Еликсир Ексклузив“!

Фејсбук: @ElixirExclusive

Инстаграм: @elixirexclusive

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.