Го изневерила свршеникот во тоалет во бар 7 дена пред венчавката: Тој дознал 10 години подоцна и го направил ова!

Животна драма

Како изгледа тоа кога ваква тајна ќе исплива на виделина по цела деценија…

Еванџелина Грејс, писателка од Америка, открила тајна што ја чувала речиси десет години.

Таа вели дека навистина го сакала својот, сега веќе поранешен, сопруг Џејдан, но дека во тоа време сè уште не можела да се смири и воопшто не била возбудена за иднината со него.

Наместо да каже нешто, таа одела по линија на помал отпор и направила нешто катастрофално – имала секс со друг маж во тоалет во еден бар, само неколку дена пред сопствената венчавка, и тоа на својата моминска вечер!

„Иако навистина го сакав, помислата на тоа дека треба да бидеме врзани еден за друг засекогаш ми беше ужасна, па оттука очигледно произлезе мојата желба за неверство, како многу незрел потег“, признава Еванџелина.

Се сеќава дека за време на нејзината моминска вечер била гневна, затоа што станувала сè посвесна за тоа што ќе се случи за неколку дена.

Многу испила, а кога се враќала од тоалет, налетала на непознат маж со кого почнала да муабети, па набрзо се нашле во тоалетот и имале секс, кој таа го опишува како „разуздан и бездушен“.

Одлучила да го премолчи целиот настан и да се прави како ништо да не се случило, па така венчавката и понатаму била во план, а таа никому не му кажала што се случило.

„За време на целата церемонија ми беше мака, чувствував ужасен срам, најмногу кога гледав колку е среќен и горд. Едноставно не можев да му го скршам срцето. По нашиот прв бакнеж, заплакав, но не од среќа, иако нему му кажав дека тоа е причината“, открива оваа жена.

Еванџелина со години ја чувала оваа тајна, сè додека нејзината пријателка Нина забележала дека таа е сè повеќе несреќна, па ја принудила да ѝ се довери и Еванџелина ѝ признала што е тоа што ја мачи со години.

Пријателката била многу разочарана и ѝ кажала дека не смее повеќе да манипулира со Џејдан и дека доколку Еванџелина нема храброст, таа ќе мора да му ја каже вистината. Така и било, а Џејдан една недела подоцна поднел барање за развод.

„Мислев дека го штитам со тоа што не му имав кажано ништо, а потоа сфатив дека со премолчувањето му го ускратив правото да одбере дали сака да биде со мене и покрај тоа што го направив или не“, заклучува Еванџелина.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле на нејзино место?

Ова се 6 најчести мотиви за физичко или емоционално неверство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.