Еднаш неверен, секогаш неверен: Дали има вистина во оваа изрека?

Дали ако еднаш изневерил значи дека секогаш ќе изневерува?

Уште од самиот старт да разјасниме, ако тој изневерувал во своето минато, тоа не значи дека вашата врска е осудена на пропаст. Како што велат експертите, апсолутните зборови како „секогаш“ и „никогаш“ не одговараат на реалноста. Да, некои направиле многу зли дела како неверство и имате причина да не им верувате, но сепак има луѓе кои научиле од своите грешки.

Истражувањето на Универзитетот во Денвер покажа дека не секој што направил неверство го повторувал тоа однесување во следната врска.

Ви ги набројуваме знаците кои покажуваат дека тој нема да го повтори ова однесување (според стручните советници за односи).

Зборува за своето минато затоа што сака, а не затоа што мора

Кога некој зборува за своите грешки, многу е поголема веројатноста да биде сигурен партнер во иднина. Ова не гарантира дека ќе биде беспрекорен, но покажува дека ја признава грешката и сака да биде искрен. Најчесто не затоа што е принуден, туку затоа што сака. Плус, тоа е добар знак дека врската од самиот почеток не се заснова на лаги и тајни.

Тој знае зошто изневерил

Неговото објаснување можеби нема да го оправда она што го направил, но може да ви каже многу за неговата способност да ја препознае и преземе одговорноста за своите постапки. Но, ако вашиот партнер се однесува како да е надвор од контрола или тврди дека не знае зошто изневерил, тоа се црвени знамиња.

Тој прави нешто за да се промени

Има многу кои велат дека се покајале за своето неверство. Меѓутоа, ако некој вистински се покае, тоа најмногу се гледа преку неговите постапки, а не преку она што го кажува. Напорите кои покажуваат дека сака да ги поправи работите вклучуваат извинување на бившиот, читање книги за самоподобрување и постојано поттикнување отворена комуникација со вас.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.