Дали е женкар? Знаци кои укажуваат на тоа дека си имате работа со женкар!

Маж чија главна цел е освојување на што повеќе жени преку внимателно избрани стратегии…

Ако на карактеристиките внимателен, романтичен, навидум самоуверен, љубопитен и грижлив додадете манипулативен и неискрен, ќе ги добиете главните особини на шармантните актери наречени женкари.

Еве неколку знаци кои треба да ве разбудат од бајката и да ве натераат да ги препознаете неговите намери:

Слаткоречив шармер

Кога сте со него се чувствувате како најубавата жена на светот и единствената за него. Секоја втора негова реченица е комплимент кој ве издигнува во облаци. Ваквите заводници знаат експресно брзо да разнежат жена со романтични гестови и љубовни пораки. Но, не заборавајте дека додека вие си мислите колку сè е премногу добро за да е вистинито, тој може да размислува која тактика најбрзо ќе ве однесе во неговите раце.

„Искрено“ ги признава своите љубовни чувства веднаш

Излеговте само еднаш, а веќе на наредната средба тој ви вели: „Те сакам, не сум сретнал поубава и попаметна девојка. Ти си поразлична“. Размислете, мажите во денешно време толку ги кријат своите чувства, што ваквите изјави најчесто можете да ги видите само на филм. Изговарањето на зборчињата „Те сакам“ на почетокот на врската, секогаш треба да ве замислат за намерите на нивниот испраќач.

Сексот е тема на разговор уште на прваиот дејт

Ако сте наишле на женкар, не бидете изненадени доколку тој започне да зборува за секс уште на првиот дејт. Бидете внимателни, неговата покана да се погушкате во празниот стан најверојатно е прикриена покана за секс.

Прерано ви ветува премногу

Вистинските љубовни играчи знаат што сакаат да слушнат жените. Тој плетел мрежи околу многу други и штом ќе дојде во ваша близина, ќе започне да плете и околу вас. Внимавајте, умниот женкар ќе започне уште веднаш да зборува во множина. На пример, нема да каже „Наредното лето ќе одам Италија“, туку „Наредното лето ќе одиме Италија“. Тој со лажни ветувања за иднината ќе ве убеди дека сака сериозна врска. Во ваков случај, протријте ги очите и начулете ги ушите. Мажите во принцип се плашат од обврзување и им е тешко да зборуваат за иднината или да даваат сериозни ветувања, особено на почетокот на врската. На „женкарите“ не им тешко, бидејќи тие знаат дека никогаш нема да се задржат до вас доволно долго за да треба да ги исполнат ветувањата.

Познава многу жени, но со ниту една не е близок пријател

Заводниците од овој тип познаваат многу жени (ако го проверите неговиот Инстаграм профил, веројатно 70% од неговите пријатели се претставнички на понежниот пол). Но, со ниту една од нив не одржува блиско пријателство. Експертите велат дека причина за ваквото однесување е што ваквите мажи ги гледаат сите жени како потенцијални мети.

Неговите пријатели не се обидуваат да ве запознаат

Тој ве носи во негово друштво, сите ви велат „Здраво“, а потоа се префрлаат на нивните муабети и ниту малку не се обидуваат да научат нешто повеќе за вас. За нив најверојатно сте само една од многуте и не вложуваат напор да ве запознаат кога знаат дека нема долго време да бидете на иста маса со нив.

Никогаш не го остава мобилниот телефон без надзор

Тој и неговиот мобилен телефон се неразделни, а кога сте заедно, го исклучува целосно или само звукот. Тоа е добар знак дека се плаши од неочекувани повици и на таков начин се заштитува од објаснувањата што ќе треба да ви ги дава доколку се јави некоја друга негова „жртва“.

Сите околу вас ве предупредуваат дека тој е женкар

Извадете ги розовите очила, за момент заборавете на неговиот шарм и харизма и размислете дали можеби трачовите за него и неговите љубовни освојувања не се вистинити. Немојте да живеете со лагата дека луѓето ви зборуваат лошо за него затоа што ви се љубоморни и ѕирнете во реалноста. Во најлош случај ќе се убедите дека каде што има чад, има и оган.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.