Сиот негов успех паднал во вода кога ѝ кажал на жена му дека таа би била виновна ако ја силувале банда црнци: Скандалите на познатиот актер

Каде е и што прави денес Мел Гибсон?

Мел Гибсон има 9 деца и поранешни сопруги со кои не е во најдобри односи, но сега повторно се враќа во игра

Холивуд му дал сѐ на овој актер, но и му зел сѐ прекуноќ. Мел Гибсон беше еден од најнаградуваните и најбараните актери, но неговото однесување надвор од филмските сетови било многу проблематично.

„Имав навистина фантастични подеми, но и некои прилично очајно падови“, изјавил актерот за странските медиуми.

Алкохолот му бил најголемата пречка на патот, а сѐ започнало во 2006 година, кога бил сопрен во видно алкохолизирана состојба.

Така прекуноќ, од миленик се претворил во експерт за скандали, а и неговите хомофобични изјави исто така не му оделе во прилог.

Освен што ја навредувал ЛГБТ-заедницата, ги навредувал и жените, но и другите раси. Имено, во јавност излегол телефонски разговор меѓу Мел Гибсон и неговата сопруга Оксана Григориева, во кој тој ѝ кажал дека таа би била виновна ако ја силувале банда црнци.

Оксана успеала да се избори за забрана за приоѓање, за да се заштити себеси и ќерка ѝ, а Мел Гибсон останал без семејство и без ангажмани.

Некое време Холивуд не сакал да слушне за актерот.

Потоа, полека почнал да се враќа во светот на глумата, сѐ до 2020 година, кога се појавила Винона Рајдер со приказната дека Мел Гибсон ја навредил со неговите хомофобични и антисемитски коментари. Актерот сето тоа го демантирал.

Каде е сега Мел Гибсон?

Мел Гибсон деновиве е на удар на папараците. Неколку пати бил виден со гипс на нога и со гипс на рака. Сите се прашуваат дали е добар, но тој не се огласува. Се зборува дека снима нов филм и дека соработува со актерот Марк Валберг.

За обвинувањата дека е хомофоб, изјавил:

„Никогаш никому не сум му се заканувал, ниту сум се однесувал некоректно кон спротивниот пол, другите раси, религиски верувања или сексуалности – и точка. Не ги обвинувам луѓето што го мислат тоа поради сето ѓубре што го слушнаа на тие измислени снимки што беа вешто измонтирани.

Дозволив да се затвори случајот, но и понатаму ја пропагирам својата невиност. Имав право да продолжам да се борам, но одлучив да прекинам заради моите деца. Сигурен сум дека ќе поминеа години и дека ќе излезев како победник.“

Во август 2011, Гибсон се спогодил со поранешната жена. Таа добила 750.000 долари и двојно старателство над ќерката Лучија.

Од 2014 година Мел Гибсон е во врска со поранешната шампионка во јавање (спорт во којшто се изведува гимнастика на коњ) и писателка Росалинд Рос. Со неа добил син, неговото деветто дете, во јануари 2017 година во Лос Анџелес.

Зад себе има два пропаднати брака, 9 деца и скандал кој му ја уништи кариерата: Друга жена откри морничави работи за актерот!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.