Аритмијата што многумина ја игнорираат може да доведе до смрт: Кардиолог открива кога сме во ОПАСНОСТ

И еве што итно мора да направиме

Кардиолог открива дали аритмиите се опасни и кога итно треба да одиме на лекар

Промените на срцевиот ритам честопати се занемарливи, но тие можат да откријат многу работи за моменталната здравствена состојба и да укажат на потенцијална опасност.

Кардиолог открива кога промените на срцевиот ритам може да бидат асимптоматични, но и кога и во која мера опасни по живот:

„Дијапазонот на симптоми кога станува збор за аритмијата оди од асимптоматични, кои не се регистрираат, до аритмии што може да доведат до срцев застој и практично да го загрозат животот на пациентот. Во секој случај, она што е важно кога станува збор за симптомите на аритмија и кога треба да им обрнеме внимание и да одиме на лекар, е чувството на неправилност во работата на срцето – треперењето во градите, особено ако дојде и до онесвестување, вртоглавица, магла пред очите и чувство на мачнина… Кај некои луѓе, симптомите се јавуваат во вид на болка. Во суштина, непријатното чувство во градите, кое попатно ни предизвикува и чувство на нестабилност и тегоби во градите, е аларм дека треба да одиме на лекар“, објаснил докторот и открил дали недостигот од здив што често се појавува има врска со аритмија:

„Краткиот здив може да има врска со аритмијата, но во суштина може да биде израз на срцева слабост и постоечки коронарни болести, односно проблеми со циркулацијата што го храни тој срцев мускул.“

Навики што доведуваат до аритмија:
  • пушење цигари
  • консумирање алкохол, енергетски пијалаци и кофеин
  • употреба на наркотици
  • стрес и нервоза
  • користење некои лекови и суплементи
  • прекумерна тежина

„Лековите што се користат за настинка понекогаш може да доведат до аритмија поради својот состав. Тие во себе содржат ефедрин, кој ако има добра подлога, може да предизвика аритмија. Но интолеранцијата на кој било лек би можела да доведе до појава на аритмија. Дури и некои аритмици што ги даваме против аритмија, може да дејствуваат проаритмогено“, објаснил докторот.

Одредени заболувања, исто така, може да доведат до аритмија, додека луѓето најчесто не се свесни за тоа.

Заболувања што го зголемуваат ризикот од аритмија:
  • намалена или зголемена функција на тироидната жлезда
  • шеќерна болест
  • застој на дишењето во сон
  • болести на органите за варење
  • нарушувања на нивоата на електролити
  • инфекции
  • покачена телесна температура

„’Рчењето најчесто се појавува кај гојазните луѓе. Тоа се пациенти кај кои постојат прекини на дишењето во сон, а тоа претставува добра основа за да излезе срцето од ритам.

Една од водечките причини за мозочен удар е аритмијата која се вика артијална фибрилација. Народно кажано, тоа би било треперење на предкомората.

Коморските аритмии се посериозни и постојат форми на коморски аритмии што се животно загрозувачки, како што е коморската тахикардија (забрзана работа на срцето)“, заклучил докторот.

Внимавајте на овие симптоми за навреме да го откриете срцевиот удар
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.