Целото тело ѝ е покриено со тумори, едвај дише и оди: Имаше 24 операции и изгледа вака (ФОТО)

Предупредуваме дека следново видео може да биде вознемирувачко за некои читатели.

Шармејн Сахадео од Чагуанас (Тринидад и Тобаго) страда од реткото нарушување NF-1 неврофиброматоза, кое предизвикува туморите да растат на целото тело. Имено, оваа 42-годишна жена неодамна пропатувала 6.500 километри заради операција за отстранување на туморите кои се опасни по живот, а ова е резултатот.

Шермејн се надева дека комплицираните процедури ќе ѝ ги олеснат маките и ќе ѝ помогнат нормално да дише, да јаде, да зборува и да оди. Состојбата ѝ станала екстремна, бидејќи илјадници тумори го покривале целото тело. Најмногу се плашела дека израстоците ќе ѝ ги блокираат дишните патишта, како и дека нема да може да повика помош, пишува Дејли Стар.

Таа се согласи да гостува во познатата ТВ серија Take My Tumor, во која зборуваше за своите борби и стравови.

Се плашам дека ќе умрам ако не можам да дишам правилно. Можеби нема да успеам ни да дојдам до некого навреме за да му се пожалам – рече таа.

Во моментов не постои лек за неврофиброматоза NF-1, а случајот на Шармејн Сахадео е исклучително тежок. Нарушувањето се јавува како резултат на мутација на генот NF-1, кој го регулира протеинот одговорен за растот на клетките. Пациентот може да развие безопасни и малигни тумори, како и срцеви проблеми, разни напади…

Несреќната жена цел живот се бори со проблемите. Првпат почнала да развива тумори на 13 години, но во почетокот тие биле помали. Тогаш имала неколку од нив на лицето, а денес сликата е поинаква и – застрашувачка.

Оваа ситуација е многу тешка бидејќи луѓето сакаат да зјапаат, а потоа имаат секакви негативни коментари – рече таа.

Со текот на времето, куп тумори ѝ ги прекриле очите, па не можела ни да си игра со внуката.

Многу ме боли што не можам да играм надвор. Би сакала да можам да ја прошетам, но ја немам таа привилегија – додала таа.

Лекарите во нејзината родна земја не можеле да ѝ помогнат бидејќи состојбата станала исклучително лоша. Затоа отпатувала во Лос Анџелес за да го види докторот Рајан Озборн, верувајќи дека тој е нејзината „последна надеж“.

Реномираниот онколог има повеќе од две децении искуство и истакнува дека случајот на Шармејн Сахадео е „уникатен“. Жената морала веднаш да замине „под нож“, а сложениот и долг процес на закрепнување бил неизбежен.

Во рок од два месеци било потребно да се извршат неколку операции. Со секој тумор, д-р Озборн морал да отстрани дел од кожата од телото, што го зголемува ризикот од инфекција – да не зборуваме за болката.

Кога отстранивме сѐ, изгледаше како да сме одрале некого. Не постои лек кој може да ги смири тие болки – рече докторот.

На крајот, д-р Озборн успеал да отстрани десетици тумори, вклучително и неколку големи на нејзиното лице. Ја оперирал 24 пати во текот на 10 недели (вкупно 60 часа). Успеал да отстрани многу повеќе отколку што очекуваше Шермејн, па таа се чувствува поудобно во сопствената кожа.

Доколку сакате да видите како изгледа сега, кликнете тука!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.