Чешање на лактите? 5 причини да посетиме лекар

Експертите нѐ уверуваат: ако на лактите често забележувате првутење, чешање или дури и болни пукнатини, тоа е причина да одите на лекар.

Главната причина за посета на лекар е долготрајно првутење и чувство на болка на кожата на лактот, дури и во случај на вообичаена нега. Сувоста, црвенилото и пукнатините сепак можат да сведочат за:

  1. Хормонски колапс – на пример, пад на нивото на естроген, бидејќи токму тој помага да се задржи влагата во кожата.
  2. Дијабетес – ова заболување и други застои во работата на ендокриниот систем најчесто се одразуваат на состојбата на кожата, особено на лактите и на колената.
  3. Анемија – заболување при кое се нарушува лачењето на хемоглобинот поради дефицит од железо, што задолжително се одразува на состојбата на кожата.
  4. Лакотен егзем – тој се манифестира со пукнатини и чиреви на кожата на лактите што не зараснуваат.
  5. Псоријаза – освен сувост, ќе се појави првутест исип.

ПОТСЕТНИК

ИЗБЕГНУВАЈТЕ…

… да се потпирате на лактите на масата. Дополнителниот притисок и триењето ќе им ја одземат убавината.

КОНСУМИРАЈТЕ…

… витамини и микроелементи, особено витамините А и Е, биотин и цинк, бидејќи придонесуваат за здрава кожа на лактите.

СЛЕДЕТЕ…

… ЈА РУБРИКАТА ЗДРАВЈЕ на порталот ubavinaizdravje.mk и ќе најдете одговор на многу прашања врзани за здравјето.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.