„Ваквата столица би можела да биде знак за рак на цревата“: Докторите предупредуваат на 1 важен симптом!

Опасна болест

Докторите тврдат дека формата на изметот би можела да укажува на разни проблеми со здравјето, особено на рак на дебелото црево

Просечниот човек ги празни цревата помеѓу три пати дневно до три пати неделно. Тоа е неопходна телесна функција што помага да се исфрлат несварената храна и другите отпадни продукти од телото. Додека изметот може да изгледа различно во однос на бојата и конзистенцијата од безопасни причини, како што е промената во исхраната, тоа може да укажува и на нешто посериозно. Од таа причина, експертите советуваат да го проверите вашиот измет пред да пуштите вода во тоалетот.

Формата на изметот може да укажува на сериозна болест. Поточно, лекарите предупредуваат дека тенкиот, збиен измет може да биде знак за повеќе проблеми, меѓу кои и рак на цревата, исто така познат и како колоректален рак.

Врз основа на Бристолската табела на столици, здравиот измет треба да има форма на колбас, да биде тенок и покриен со пукнатини. Иако повремено тенката столица може да биде само знак на констипација, таа може да укажува и на хронични дигестивни проблеми, како синдром на нервозни црева, дивертикулитис, па дури и рак.

Ако вашата столица е збиена, личи на лента или моливче, тоа може да значи дека страдате од констипација, што значи дека ги празните цревата поретко од три пати неделно. Тоа може да биде предизвикано од фактори на животниот стил, како што се недоволното внесување влакна, недоволното пиење вода и недоволното вежбање.

Но Здруженијата за борба против колоректален рак наведуваат дека збиената столица може да биде знак и на опструкција, како што се тумори.

„Во повеќето случаи, збиените столици ретко кога се причина за загриженост. Но ако имате столица како лента подолго од една недела, побарајте медицинска помош“, велат од здружението.

Овој совет го поддржуваат и здравствените експерти од клиниката Мејо во САД, кои велат:

„Збиената столица што се случува повремено, веројатно е безопасна. Но во некои случаи, збиената столица – особено ако е тенка – може да е знак дека дебелото црево се стеснува или има затнување.“

Ракот на цревата може да предизвика и други промени со столицата.

„Внимавајте на промените во вашиот измет, како што се помеките изобличувања, дијарејата или констипацијата што не се вообичаени за вас. Ракот може да предизвика и потреба да одите во тоалет почесто или поретко од вообичаено.“

Крвта во изметот е знак дека мора да одите на лекар. Без разлика дали станува збор за темна или светла крв, закажете преглед на доктор.

Други симптоми на рак на цревата се:

  • Често се чувствувате како да ви се оди во тоалет, дури и ако штотуку сте извршиле нужда.
  • Болка во стомакот.
  • Грутка во стомакот.
  • Дуење.
  • Губење килограми без диета.
  • Се чувствувате уморно без причина.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.