Ова е новиот третман со мраз кој може да помогне во лекувањето на ракот на дојката!

Овој третман може да се покаже како ефикасна алтернатива за пациенти кои не се кандидати за операција.

Новата техника која ги замрзнува и уништува малите канцерогени тумори би можела да им даде нова надеж на жените со неоперабилен рак на дојка.

Според истражувачите, криоаблацијата може да се покаже како ефикасна алтернатива за пациенти кои не се кандидати за операција.

Криоаблацијата користи ултразвук или компјутерска томографија (КТ) за лоцирање на туморот. Мали сонди слични на игла потоа се вметнуваат во дојката за да се создаде ледена топка околу туморот што ги убива канцерогените клетки, велат лекарите од Њујорк, како што пишува webmd.com.

Кај пациенти со рак на дојка, студот се покажал ефикасен во замрзнувањето и уништувањето на малите канцерогени тумори во студијата презентирана на годишниот научен состанок на Друштвото за интервентна радиологија во Солт Лејк Сити.

Во истражувањето учествувале 60 пациенти кои не биле соодветни кандидати за операција или кои ја одбиле идејата по консултација со хирург на дојка. Причините се различни, вклучувајќи возраст, проблеми со срцето, висок крвен притисок или моментална хемотерапија за други видови на рак.

Големината на туморите варирала од 0,3 до 9 сантиметри, со просечна големина од 2,5 сантиметри. За тумори поголеми од 1,4 сантиметри, користени се повеќе сонди. Шеснаесет месеци по започнувањето на терапијата, евидентирана е стапка на релапс од 10%, според студијата.

„За пациентите со поголеми тумори кои не се кандидати за операција, овој пристап може да обезбеди поефикасна алтернатива на сегашниот стандард на нега“, рече д-р. Јоланда Брајс, интервентен радиолог во Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг.

Исто така, таа рече дека најголемиот ризик од процедурата е изгореницата на кожата во замрзнувач, која може да се третира со маст за кожа и средства за контрола на болката.

И ова може да биде одличен начин и надеж за жените на патот кон нивното заздравување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.