3 здрави грицки кои можат да ви помогнат да изгубите тежина побрзо!

Факт е дека наоѓањето здрави и хранливи закуски станува клучно за поддршка на здрав начин на живот и постигнување на целите за слабеење.

Здравите грицки не само што се вкусни, туку и хранливо богати и ја даваат потребната енергија и хранливи материи, а имаат и уште еден плус – корисни се за слабеење!

Факт е дека наоѓањето здрави и хранливи закуски станува клучно за поддршка на здрав начин на живот и постигнување на целите за слабеење. Важно е да изберете грицки кои не само што ќе ве заситат туку и ќе ги обезбедат хранливите материи што му се потребни на вашето тело. Од друга страна, разновидноста во исхраната е клучна за да се обезбеди внесување на сите есенцијални хранливи материи кои ви се потребни за нормално функционирање и здравје. Се разбира, ниту еден оброк, дури ни ужина, нема да предизвика губење на тежината, но изборот на здрави опции може да ве поддржи во вашата мисија за слабеење.

Многу такви намирници многу брзо и лесно можете да ги подготвите дома. Имаме препораки за вас!

Хумус и грицки од морков

Хумусот е намаз направен од наут, таан, маслиново масло, сок од лимон и зачини и е богат со протеини и влакна. Грицките од моркови се едноставна и крцкава алтернатива на традиционалните грицки со чипс и исклучително богати со витамини и антиоксиданси.

Освен тоа, лесно се подготвуваат и се одлична замена за обичните грицки!

Грчки јогурт со јаткасти плодови и мед

Грчкиот јогурт е одличен извор на протеини и калциум, а јаткастите плодови како бадемите, или лешниците додаваат здрави масти и влакна. Медот може да се користи умерено како природен засладувач бидејќи дава дополнителна сладост. Ако сте веган, заменете го медот со сируп од јавор или агава, а класичниот грчки јогурт со растителна верзија.

Авокадо на тост леб од цели зрна

Авокадото е богато со здрави мононезаситени масти и растителни влакна и е одлично за здравјето на срцето, а тостираниот леб од цели зрна обезбедува дополнителни влакна и крцкање, што ја прави оваа комбинација заситена и хранливо богата.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.