Први симптоми на рак на дебелото црево што ни во лудило не треба да ги игнорирате: Ова е најзагрозената категорија на луѓе

Прочитајте!

Првите симптоми на рак на дебелото црево воопшто не се наивни и не треба да ги игнорирате

Познато е дека карциномот е една од најопасните болести и дека лекувањето претставува долготраен и макотрпен процес што не гарантира оздравување.

Карциномот на дебелото црево е опасна болест што може да се појави на која било возраст, а почесто се појавува кај лица постари од 50 години и кај лица од машки пол. Може да го зафати секој дел од дебелото црево, но почесто ја зафаќа неговата лева половина.

Многумина ги игнорираат симптомите што укажуваат на оваа опасна болест, но нивното рано откривање би можело да спаси живот.

Постојат разни симптоми што можат да укажуваат на рак на дебелото црево, но не мора секогаш да биде така. Некои од симптомите што најчесто се појавуваат се:

  • Крв во столицата
  • Необјаснива намалување на телесната тежина
  • Слабокрвност
  • Промени во празнењето на цревата – невообичаена констипација или дијареја

Карцином на дебело црево се открива со колоноскопија. За време на колоноскопијата се зема примерок од ткивото и се испраќа на патохистолошка дијагноза. Кога дијагнозата карцином на дебело црево ќе се потврди патохистолошки, треба да се направат дополнителни дијагностички процедури:

  • Скенирање на абдоменот и на малата комора на срцето и рендгенско снимање на белите дробови и срцето.
  • Лабораториски анализи на крвта и урината.
Раното откривање на рак на дебело црево значи живот: Еве кога е време да одите на доктор!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.