Кој ќе го наследи богатството на Роберто Кавали: Еве што ѝ оставил на 45 години помладата Сандра!

Велата дека младата сопруга му менувала пелени

Многумина се прашуваат кој ќе го наследи богатството на Роберто Кавали, а на 45-години помладата Сандра веќе ѝ обезбедил сè

Познатиот моден могул Роберто Кавали почина на 83-годишна возраст, а зад себе остави огромно богатство, во секоја смисла. Во неговиот живот се издвојуваат три поголеми љубовни врски кои му имаат донесено шест деца, па многумина се прашуваат кој ќе го наследи неговото огромно богатство.

Прва во трката, секако, е 45 години помладата Сандра, која била со него до неговата смрт. Кавали се погрижил неговата избраничка да биде материјално обезбедена, па ѝ подарил многу вреден подарок.

Имено, овој моден могул, чие богатство се проценува на 500 милиони долари, ѝ подарил викиншка тврдина од 11. век на приватен остров во Шведска, која чини 2,5 милиони фунти. Така, Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од својот избраник, станала сопственичка на остров во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.

Медиумите наведуваат дека на островот има четирисобна вила, колиба за лов, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф.

Своевремено, Роберто нагласувал дека девојка му му покажала колку го сака и постојано му помагала кога му било тоа потребно, а се пишуваше и дека му менувала пелени.

Дизајнерот минатата година добил син кому му го дал името Џорџо по својот татко.

„Бебето, кое пред една недела беше родено токму тука во Фиренца, е прекрасно и навистина станав емотивен кога го видов веднаш штом се роди. Се вика Џорџ, по дедо му, мојот татко, кого нацистите го стрелаа во масакрот во Каврилја кога имав 4 години“, изјавил Роберто за магазинот Novella 2000.

Модниот маг бил трипати во брак и добил шест деца. Во првиот брак со Силванела Џанони добил син Томас и ќерка Кристина, а со втората сопруга Ева Марија Дурингер, со кого бил најдолго, добил три деца – Роберто, Рејчел и Даниел. Тие, исто така, се во трката за наследството.

Познати жени кои обожаваа да ги носат моделите на Роберто Кавали: Врвни комбинации наменети за дамите со стил 
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.