Како Сандра го завела Роберто Кавали: Се шушкаше дека му ги менува пелените, а таа му роди дете!

Сите зборуваат за нив

Кога ќе ги погледнете фотографиите од Роберто Кавали и неговата 45 години помлада девојка, сигурно нема да си помислите „леле колку се вљубени“, но тие, сепак, го докажаа тоа

Роберто Кавали во 2019 година ги затвори сите продавници во Америка и официјално замина во пензија. Меѓутоа, неговото богатство сè уште е огромно, бидејќи постојат ѕвезди што носат само облека со негов потпис и подготвени се да дадат неверојатни суми на пари за тоа.

Во Италија, Роберто е синоним за луксуз, но големиот успех што го има постигнато последниве години падна во сенка кога испливаа интересни детали за неговиот љубовен живот.

Имено, во март оваа година Кавали го доби синот Џорџ со 45 години помладата девојка Сандра. Фактот што тој во моментот кога се родил неговиот син имал 83 години, а девојка му 37, ги лансира во топ-вестите наредните месеци.

Роберто е во врска со Сандра од 2008 година, односно од нејзината 23. година, додека манекенката последниве години деноноќно се грижи за дизајнерот, бидејќи тој се соочува со сериозни здравствени проблеми.

Злобниците шушкаа дека Сандра му ги менува пелените и дека тој е со неа само за да го негува, но сите се шокираа кога дознаа дека двојката добила дете.

Се зборува дека дизајнерот во знак на благодарност ѝ купил приватен остров на којшто има луксузна вила со четири спални соби, колиба за лов, базен, терен за голф и слично.

Сандра била манекенка кога го запознала Кавали и веднаш го маѓепсала. Дизајнерот со години ѝ купува скапоцени подароци и ја носи секаде со себе, додека јавноста отсекогаш се сомневала во нивната љубов, со оглед на тоа што возрасната разлика меѓу нив е огромна.

Сандра родена во Шведска, во светот на модата влегла на само 14 години, а последниве 15 години живее со Роберто Кавали.

Во 2006 година Сандра била прогласена за најубава жена во Шведска, додека една година подоцна се појавила на насловната страница на познатиот „Плејбој“.

На неа има потрошено неверојатни 3 милиони евра: Роберто Кавали ѝ ги исполнува сите желби на 45 години помладата љубовница
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.