Зошто жените се палат на лошите момци?

Идеалниот маж е некаде на средината помеѓу лош и добар…

Лошите момци се арогантни, себични, посесивни, не се грижат за ништо, избегнуваат емотивна поврзаност, ги прекршуваат правилата, ги потценуваат и понижуваат луѓето околу себе… едноставно се лоши. Но, што е тоа кај нив што ги привлекува жените?

Лошите момци се лек за здодевност

Секогаш се случува нешто околу нив, секогаш се вмешани во некоја напната ситуација. Од лошите момци никогаш нема да чуете „Имам испит, треба да учам“, тие се секогаш спремни за акција. Жените често „паѓаат“ на вакви типови откако ќе излезат од долга врска во која им било досадно.

Лошите момци се возбудливи и непредвидливи

Можете да предвидите дека добриот тип ќе ве однесе на романтична вечера, но никогаш не можете да знаете каде ќе завршите со лошиот тип (на тајна луда забава во планинска вила или на забава во соседниот град). Многу жени ја обожаваат возбудата и дозата на опасност што им ја носат лошите момци.

Лошите момци не се движат по правилата, туку ги пишуваат правилата

За нив не важи знакот за ограничување на брзината, не важи правилото да не се вози под дејство на алкохол, не постои такво нешто како сигурносен појас. Нивниот став „Не ми е гајле за ништо“ делува опасно, а опасноста може да дејствува како афродизијак.

Лошите момци се мистериозни

Мистериозноста привлекува како силен магнет, а на лошите момци таа им е адут за освојување на жените. Лошите момци се мистериозни во однос на она што им се случува секојдневно, но исто така и за своите чувства, а научно докажано е дека жените повеќе се интересираат за оние мажи од кои не добиваат јасни сигнали дали ги посакуваат или не. Лошите типови создаваат илузија дека имаат темна страна или тајна која никој не може да ја открие.

Лошите момци се доминантни и заштитнички

Уште од праисторијата мажите ги заштитувале жените, па претставничките на понежниот пол сакаат да се чувствуваат сигурни и заштитени кога се со својот партнер. Лошите момци оставаат впечаток дека знаат како да ја заштитат жената до себе, па затоа не е чудно што многу жени завршуваат во нивната прегратка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.