На неа има потрошено неверојатни 3 милиони евра: Роберто Кавали ѝ ги исполнува сите желби на 45 години помладата љубовница

Не ги жали парите за неа

Љубовницата на Роберто Кавали е 45 години помлада од него, а двојката тврди дека ужива во љубовта и дека разликата во годините не им претставува проблем

Велат дека вистинската љубов не знае за години, а еден од поекстремните примери е токму 14-годишната врска на славниот дизајнер Роберто Кавали и неговата 45 години помлада девојка Сандра Нилсон.

Тие започнале врска уште во далечната 2008 година, но и покрај прогнозите дека нема да им потрае ни еден месец, и ден денес нивната љубов е силна како на почетокот. Сепак, тоа не ги спасило од коментарите дека може да ѝ биде дедо и дека Сандра се интересира само за неговите пари.

Но кога нејзината кариера како модел започнала да згаснува, токму тогаш љубовта со Роберто Кавали почнала да цути. Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, Сандра рано почнала да работи во модната индустрија.

Кога имала 14 години, скаути од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупни сини очи и кафена коса, која е ретка во нордиските земји.

Низ годините освојувала награди, како што се Мис на ЕУ, Мис бикини на светот, Мис Хаваи, била прогласена за најубава жена во Шведска, а била и модел за Плејбој.

Сега ужива во луксуз, а доказ за тоа е и фактот што модниот дизајнер, кој неодамна го прослави 82. роденден, одлучил да ѝ купи на својата девојка остров во Шведска со луксузна вила. Имено, Роберто ѝ викиншка база од 11. век во Шведска на приватен остров, која чини 3 милиони евра.

Па така, Сандра Нилсон станала сопственичка на остров во својата родна земја, недалеку од Стокхолм.

На островот има и грандиозна вила со четири спални соби, ловиште, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина.

Освен тоа, некогашната манекенка на островот може и да џогира колку сака на уредените патеки долги 1,5 километри, а островот има и приватно пристаниште со траект кој собира 10 лица.

Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога тој се развел од сопругата, а со неа, како што вели дизајнерот, го пронашол својот мир, таа е неговата муза, вистинска љубов и не се грижат за годините.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе