Кој ќе го наследи богатството на кралицата Елизабета? По нејзината смрт, целата империја ќе му припадне на овој член на семејството!

Дознајте повеќе

Во медиумите веќе некое време интензивно се пишуваше за сè полошото здравје на кралицата Елизабета

Во јавноста уште одамна се шпекулираше кој ќе ги наследи богатството и должностите на кралицата Елизабета Втора.

Кралицата е најдолговечниот женски владетел во историјата на светот и со години се преговараше за тоа кој ќе биде нејзиниот наследник.

Сега е јасно дека нејзин наследник ќе биде нејзиниот најстар син Чарлс – принцот од Велс, кој уште сега поседува земја, недвижнини, концесии и акции, чија вредност се проценува на 1,3 милијарди долари.

Тој нема доброволно да се откаже од својата судбина да стане крал, но кога ќе ги преземе обврските што ги исполнуваше Елизабета Втора, неговиот имот ќе заврши во рацете на принцот Вилијам.

Принцот Чарлс, кој моментално има 73 години, е најдолговечниот наследник на британскиот престол и ќе биде најстариот крал кога ќе се круниса.

По смртта на кралицата, Чарлс ќе ја преземе контролата над Бакингемската палата чија вредност изнесува околу 1,32 милијарди долари. Ќе го наследи и дворецот во Виндзор, кој е проценет на 661,75 милиони долари и палатата во Шкотска, вредна 72 милиони. Овој имот нема да биде во приватно сопствеништво на Чарлс, туку на нив ќе има право додека ја извршува функцијата на британски монарх.

Приватниот имот на кралицата се проценува на околу 500 милиони долари. Доколку во нејзиниот тестамент не е поинаку одредено, целата империја ќе му припадне на принцот Чарлс.

По смртта на кралицата Елизабета, принцот Чарлс е нов крал!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.