Ова е синот на Саша Поповиќ: Малкумина знаат за него, но веќе го чека неговото наследство (ВИДЕО/ФОТО)

Во бракот ја добија и ќерката Александра

Синот на Сузана Јовановиќ го смета Саша Поповиќ за свој татко

Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ денес важат за еден од најпознатите парови на балканската сцена, а со оглед на тоа што го добија и епитетот најбогат поп пар, не е чудно што уживаат во луксузен живот.

Во бракот ја добија ќерката Александра, а Сузана од првиот брак го има синот Даниел, кој Саша Поповиќ го прифати за свое дете.

Пред да го запознае Саша, Сузана беше кратко во брак со таткото на нејзиниот син, но бракот не траеше долго поради неговото неверство, изјави своевремено сопругата на Саша Поповиќ.

Синот на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ од самиот почеток одлично се сложуваат, а поранешниот директор на Гранд продукција постојано истакнува дека Даниел го смета за син и дека никогаш не направил разликаеѓу него и ќерката Александра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Jovanović (@suzanapopovic69)

Пред две години, кога Даниел стапи во брак со убавата Тијана и направија гламурозна свадба, најсреќен беше Саша Поповиќ.

„Даниел на почетокот беше малку збунет, но јас го третирав како вистински татко. Го сакав, како што тој мене, и го сметам за мое дете. Го сакам затоа што е добро, културно и воспитно момче, а најмногу ме фасцинираше е неговата благодарност што така го прифатив. Никогаш не сум имал конфликт со него. Секогаш прави се што барам од него, а Александар морам да ја молам за да ме послуша за нешто“, изјави Саша.

Меѓу другото Поповиќ во една прилика потенцираше и дека кога ќе дојде ред да се дели имотот секој ќе си го добие неговиот дел.

Фото: социјални мрежи

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.