На големата љубов ѝ дојде крајот: Имаа планови за иднината, но наеднаш пропадна сè! (ФОТО/ВИДЕО)

Својот живот им го посвети на синовите

Богдана Ражнатовиќ тренираше кошарка во младоста, но се откажа поради повреда…

Богдана Ражнатовиќ, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, наскоро ќе стане мајка по трет пат, а гордите родители не ја кријат среќата што наскоро на светот ќе пристигне и трет син на кој ќе му дадат име Илијан.

Богдана својот живот го посвети на синовите Жељко и Крстан, како и на сопругот Вељко, а судејќи по фотографиите кои понекогаш ги споделува на социјалните мрежи, би се рекло дека снаата на Цеца ужива во улогата во која се најде и дека нејзиното семејство е на прво место.

Познато е дека и Богдана Ражнатовиќ во младоста имаше кошаркарска кариера и дека беше многу успешна во тоа, а во 2013 година почна да се натпреварува на турнири и да освојува медали.

Со јуниорската репрезентација на Србија на Европското првенство во Вуковар се закити со бронзен медал, а две години подоцна со клубот Радивој Корач ја освои титулата српски првак.

Таа во една прилика ја откри причината зошто се повлече од светот на спортот кога ја чекаше светла иднина.

Мислам дека кошарката ми донесе многу добри работи и ме научи многу. Морав да престанам да тренирам професионална кошарка, бидејќи имав две тешки повреди, изјави Богдана.

По две тешки повреди на коленото, во 2015 година, Богдана реши да ја напушти кошарката и да дипломира на Вишата бизнис школа, насока финансии и сметководство.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.