Девојките кои ја тужеа Лизо го коментираа нејзиното повлекување од јавниот свет: „Зборува за малтретирање…“

Лизо била обвинета дека сексуално ги вознемирувала и навредувала танчерите кои работеле со неа...

Американската поп-ѕвезда Лизо објави дека е уморна од исмејувањата на интернет поради нејзиниот изглед и карактер, и додаде дека поради тоа се „откажува“ од музичката кариера.

Инаку минатата година, таа беше обвинета дека сексуално ги вознемирувала и навредувала танчерите кои работеле со неа.

По нејзината објава, танчерите што ја тужеле изјавиле дека таа само се обидува да глуми жртва. Нивниот адвокат Рон Замбрано ја коментираше ситуацијата:

„Смешно е што Лизо се жали дека е малтретирана на Интернет. Таа треба да се погледне себеси“ – започна тој.

Како што понатаму изјавил, нејзината последна објава е само очајнички потег да се извлече од се.

„Нејзината последна објава е само уште еден испад со кој го привлекува вниманието и се обидува да го оттргне вниманието од нејзините лични пропусти, додека продолжува да ги обвинува сите други за тешката ситуација во која се наоѓа. Таа очајно се обидува да глуми жртва. Никој не и верува дека ја напушта музиката“ – додаде тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.