Милица Павловиќ проговори: Со месеци молчеше и криеше од сите што прави, а сега СЕ Е ЈАСНО! (ВИДЕО)

Милица ги изненади фановите...

Милица Павловиќ по спектакуларниот концерт пред дваесет илјади луѓе во белградската Штарк Арена, направи мала пауза и се повлече од јавноста и од социјалните мрежи, но сега е јасно дека да не се одмaра и ужива , туку цело време работи на нови проекти.

Милица објави многу интересно видео кое брзо ги преплави сите социјални мрежи, особено затоа што беше многу предизвикувачко и мистериозно.

Имено, Милица на многу оригинален начин ги најави новите проекти на својата публика снимајќи видео од посетата на нејзината издавачка куќа „Сенорита мјузик“ каде што разговара со вештачката интелигенција.

Најпрвин го најави продолжувањето на турнејата „Лав“ со концерт во „Спенс“ во Нови Сад, кој е закажан за 15 јуни, а потоа ќе продолжи да отвора терени во рамките на нејзината издавачка куќа.

Иако беше многу таинствена, нејзините обожаватели дознаа дека Милица подготвува дури три големи проекти и дека сите три проекти ќе се случат во месец мај.

Популарната пејачка не откри за што точно се работи, но знаејќи го нејзиниот пристап кон работата, нема сомнеж дека се работи за големи проекти.

Откако таа го објави видеото на социјалните мрежи, веднаш почнаа шпекулации за што точно се работи, па дел од фановите сметаат дека се работи за нови песни, други сметаат дека проектите имаат врска со концерти, а се шпекулира и дека тоа е нешто што никој не може ни да го погоди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.