Ѓорѓе Давид е мета на измамници: Во негово име испраќаат грди пораки, итно се огласи рокерот и ги предупреди обожавателите!

Постојат многу лажни профили кои би сакале да ги искористат неговите фанови...

Ѓорѓе Давид е жртва на интернет измамници кои креираат профил со неговото име и слики, и се претставуваат како него.

Рокерот и член на жирито на „Ѕвезде Гранда“ ги предупреди своите следбеници на Инстаграм дека постојат разни лажни профили кои би сакале да ги искористат неговите фанови.

По тој повод објави уште еден од низата профили кои го користат неговиот имиџ и дело, а потоа се огласи.

„Лажните профили почнаа да се појавуваат во голем број. Ве молам, уште еднаш ве предупредувам да не наседнувате на грдите текстови што ви ги праќаат, тоа секако не сум јас. Ова е единствен профил со кој управувам само јас, ниту еден мој маркетинг тим, ниту пак некакви глупости како што пишуваат“ – изјави Ѓорѓе.

 

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.