Ѓорѓе Давид првпат се огласи на социјалните мрежи по несреќата: Еве кој е со него во тешкиот период!

Многу жално...

Рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид, на 20-ти јануари доживеа сообраќајна несреќа во Македонија, во која поради сплет на несреќни околности налета на жена која го загуби животот.

Оттогаш Ѓорѓе ги минува најтешките денови во животот, а многу негови блиски пријатели и студенти го поддржуваат.

На оваа тема сега преку социјалните мрежи се огласи и последната победничка на овој натпревар, нашата Славица Ангелова.

„Целата моја љубов и поддршка ја испраќам до мојот ментор, човек кој безброј пати ја покажал својата хуманост и големина. Навистина ми е жал што минува низ толку мрачно време, а неговото срце и душа се толку искрени. Сакам да изразам сочувство до семејството на загинатите во овој трагичен настан. Господ да им даде сила да ги пребродат овие тешки денови“ – напиша Славица, а пејачот ѝ одговори со своето прво појавување во јавноста на Интернет.

„Ти благодарам сине“ – одговори Ѓорѓе.

Според информациите на медиумите, прво се судриле два автомобили со кумановска и скопска регистрација. До тој судир наводно дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во спротивна насока.

„По тој првичен судир, сопатничката од возилото со кумановски регистерски таблички излегла од автомобилот и во тој момент во неа удрил автомобил марка „опел инсиња“ со српски регистрации. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои починала“ – се вели во соопштението на обвинителството.

Откако на рокерот му е направен алкотест, било утврдено дека не бил пијан.

„Бев сам во автомобилот. Ми земаа урина, крв да видат дали имам супстанци, алкохол. Се разбира немав, веднаш го открија тоа. После тоа ме однесоа кај јавен обвинител кој посочи дека немам никаква вина во овој случај. Виновникот е наводно девојката која возела и која наводно била во автомобилот со нејзината мајка, која исто така била повредена“ – рече Ѓорѓе.

Фото: Принтскрин

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.