Пораката на Ана Бекута упатена до Северина буди силни емоции: „Дали тие што ти го прават ова имаат трошка совест, имаат ли мајка?

Браво Ана! Во овој момент на Северина и е најпотребна поддршка!

Бројни познати жени од Србија ја поддржаа хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ, откако и беше одземено старателството над синот Александар.

Таткото на момчето, Милан Поповиќ сега има целосно старателство, а пејачката, како што откри, ќе може да се гледа во вторник и четврток од 16 до 20 часот и секој втор викенд (сабота и недела).

Фолкерката Ана Бекута им се придружи на жените кои застанаа покрај Северина и објави моќна порака на Инстаграм.

„Ќе се најде ли некој кој конечно ќе стави крај на оваа агонија на една мајка? Дали тие што одлучуваат за судбината на нејзиното дете имаат свое дете? Ако немаат дете, имаат ли барем своја мајка? Ако ниту имаат дете ниту ја познаваат мајка си, дали имаат трошка совест? Како е можно во Европската унија здрава и вистинска мајка да биде лишена од дете кое сака да живее со неа? Ако ова ѝ се случува на Северина, што и се случува на некоја непозната, кутра жена која нема адвокат и средства да се бори за своето дете? Јасно ми е дека Северина може да им пречи на некои – на луѓето отсекогаш им пречеле убави, паметни и силни жени. Ама не ми е јасно, со години не разбирам како тие што одлучуваат за судбината на тоа момче не размислуваат за него? – напиша таа во објавата, а потоа директно и се обрати на Северина:

„Немаш друг избор освен да истраеш и да се бориш. Нема и нема друг начин освен да стискаш заби како изминативе 11 години и да се бориш за својот син. И тој и ние знаеме колку го сакаш. Држи се. Те сакаме“ – рече Бекута, а во продолжение погледнете ја целата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.