„Ме освои кога видов што има во касетата на автомобилот“: Вака почна љубовта на Јована и Жељко Јоксимовиќ

Пејачот подоцна изјави дека се двоумел

Популарниот пар Јована и Жељко Јоксимовиќ со години уживаат во хармоничен брак

Познатата телевизиска водителка Јована Јоксимовиќ повеќе од десет години е во брак со поп-пејачот и текстописец Жељко Јоксимовиќ. Двојката ја започна својата романса откако беше домаќин на Евровизија во 2008 година.

Пејачот подоцна изјави дека се двоумел дали да почне романса со Јована.

Кога се запознавме, во една пригода ме возеше со автомобилот, се сеќавам дека имаше супер луд автомобил. Таа ме вози, а јас ја отворам касетата и гледам што има во неа, цедеа на кои ништо не е напишано, и гледам, мое цеде! Велам: „Чекај, чекај, ти ме слушаш мене!“ И тоа беше пресудно. Се двоумев малку, но кога го видов цедето, тоа беше тоа – вели Жељко, а Јована додава со широка насмевка на лицето:

Го слушам само Жељко!

Популарниот пар Јована и Жељко Јоксимовиќ со години уживаат во хармоничен брак, а имаат три деца, синот Коста и близнаците Ана и Срна.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.