Мајката на Војаж јавно ја поддржа Теја Дора, обожавателите на Бресквица направија хаос на социјалните мрежи: „Класична провокација“

Дали мислите дека ова е провокација на сметка на Бресквица?

Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица на 2 март го освои високото второ место во финалето на „Беовизија“, каде што настапи со песната „Орлово гнездо“.

Бресквица важеше за една од најголемите фаворити, а според гласовите на публиката извојува убедлива победа.

На крајот победата ја освои младата пејачка Теодора Павловска, Теја Дора, која ја поддржа младиот рапер, како и поранешното момче на Бресквица, Михајло Веруовиќ Војаж.

Сега тоа го направи и Жана Веруовиќ, мајката на Војаж. Таа во знак на поддршка на Инстаграм ја објави фотографијата на Теја Дора, а многумина ова го сфатија како провокација на сметка на Бресквица.

„За оние кои не знаат, ова е мајката на Војаж, СВЕКРВА RULES“ – пишува во објавата, а под неа почнаа фановите на Бресквица да коментираат:

„Хорор“, „Мизерија“, „Вистинска свекрва“, „Ја боли уво на Бресква за бившиот“, „Бресква на апарати“, „Класична провокација“.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.