Харис Џиновиќ за провокативните слики на ќерка му Џина: И велам да се однесува како што треба, нормално и пристојно!

Дали му пречат на Харис атрактивните фотки што ги објавува Џина?

Познатиот Харис Џиновиќ ретко зборува за семејството, а особено за неговата сакана Џина, но сега направи исклучок.

Познато е дека Џина крева врева со своите објави на социјалните мрежи, а сега Харис откри дали и дал некој совет.

„Јас не се мешам во нејзината работа и нејзиниот избор. Јас сум запознаен со тоа, но таа може да ви даде некои експлицитни одговори и што точно барате. Не ѝ давам совет бидејќи немам искуство во тој бизнис, туку и велам да се однесува како што треба, нормално и пристојно” – изјави пејачот.

Харис потоа додаде дека не планира да се пензионира.

„Ќе пеам додека сум жив” – изјави Џиновиќ.

Да потсетиме, иако Џина негираше дека е во врска со раперот Михајло, попознат како Војаж, сепак нејзините следбеници не мислат така.

На интернет се појави нејзина слика како слика од новата девојка на Михајло, а Џина не се израдува на споредбата.

За Тамара Кујачиќ, ти си убава кукла“, беше коментарот што ја натера Џина жестоко да возврати:

„Еј, остави ја девојката на мира и нема зошто да не споредувате, јас и Михајло никогаш немавме ништо” – луто одговори Џина.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.