Српска пејачка откри дека доживеала пекол поради Џина Џиновиќ: „Тврдеше дека лажев за смртта на татко ми“

Страшно...

Како што истакнала!

Младата пејачка Мина Аризановиќ, попозната како Ариза, откри дека поради ќерката на Харис и Мелина Џиновиќ, Џина, доживеала хорор за време на смртта на нејзиниот татко.

Имено, кога Ариза била гостинка во „Амиџа шоу“, требала да именува еден инфлуенсер и еден пејач кој не и се допаѓа, а таа веднаш го кажала името на Џина.

Како што истакнала, кога починал нејзиниот татко, таа веста ја споделила на социјалните мрежи, а Џина обвинила дека лаже за да привлече внимание и да собере повеќе лајкови, што предизвикало многу негативни коментари против Ариза, почнала да добива морничави пораки, од кои најлошата била дека треба да биде заклана поради тоа.

„Можам да ја споменам инфлуенсерката Џина Џиновиќ. Беше многу глупава ситуацијата, но јас никогаш не зборував јавно за тоа. Пред две години, кога почина татко ми, објавив на Инстаграм. Поради тоа таа ме нарече лажга, за прегледи, лајкови и споделувања… Ако имам избор, дефинитивно е таа“ – открила пејачката, а потоа продолжила:

„Таа рече дека лажам, кој лаже дека го закопал својот татко за прегледи. Тогаш почна голема омраза кон мене, врз сета болка, тага и гнев, почнаа луѓе да викаат: „Срам да ти е, лажеш дека си го закопала татко ти за прегледи, треба тебе да те заколат, убијат, да те обесат на сред Кнез Михаилова“, тоа беше навистина гадно“ – искрено се изјаснила пејачката.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.