Откриени детали од тестаментот на Метју Пери: Еве кој добил повеќе од милион долари!

Еве што е наведено во тестаментот...

Познатиот актер Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година, кога асистент го пронашол безживотен на имот во Лос Анџелес.

Овој случај ги шокираше луѓето од целиот свет, а токсиколошкиот извештај покажа дека причина за смртта се акутните ефекти на кетаминот и давење.

Пет месеци по трагедијата, се појавија информации и наводната содржина на неговиот тестамент.

Вредноста на неговиот вкупен имот се проценува на дури 120 милиони долари, кои ги стекнал во текот на неговата успешна кариера. Според странските медиуми, Пери оставил повеќе од милион долари на фондацијата која ја именувал по ликот од филмот на Вуди Ален.

Во тестаментот е наведено дека тој го оставил најголемиот дел од своите работи на таа организација, која ја нарекол Алви Сингер Ливинг Траст по ликот на Ени Хол од 1977 година.

Таа сума пари што и ја оставил на фондацијата е наводно сумата што извршителите ја пронашле како дополнителен имот, кој не бил заведен во неговиот приватен фонд.

Извршители на тестаментот се Лиза Фергусон и поранешната сопруга на Мајк Мајерс, Робин Рузан, пишува Daily Mail.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.