Тие се гордеат со голотијата и развратот, додека кутриот татко беспомошно гледа како ја соблекуваат ќерка му во јавност!

Еве што побарал од нив

Таткото на Бјанка Цензори е загрижен за ќерка му, па му упатил итно барање на зетот

Канје Вест и Бјанка Цензори не престануваат да ја изненадуваат јавноста со своите скандалозни појавувања во јавност. Имено, Бјанка веќе подолго време е предмет на потсмев и негативни коментари поради тоа што се соблекува гола во јавност. Нејзините пријатели неодамна ја искажале својата загриженост поради нејзината состојба, а овој пат се огласил и нејзиниот татко и им упатил итно барање.

Таткото на Бјанка сакал да се соочи со зетот, па ги повикал да дојдат кај него во Австралија. Откако забележал дека нешто чудно се случува со зет му и ќерка му, Лео многу се загрижил.

„Канје е поканет да оди во Австралија, а Бјанка се колеба дали да го дозволи тоа, бидејќи знае како ќе реагира нејзиниот татко“, рекол анонимен извор.

Барањето се случило откако мајката на Бјанка, Александра, одлетала во САД, со намера да го „спаси“ своето дете, но изгледа не успеала да стигне до двојката.

„Таткото на Бјанка не беше задоволен од обидот на неговата жена да ја види ќерка им, бидејќи чувствува дека таа ѝ овозможила на Бјанка да продолжи да го прави тоа што го прави“, продолжил инсајдерот.

„Да, Бјанка се облекувала провокативно додека мајка ѝ била таму, но тоа не било ништо во споредба со некои од модните парчиња што ги носела пред и по посетата“.

Откако мајка ѝ си заминала, Бјанка завршила на сите насловни страници со своите модни комбинации. И градите и задникот на мегдан, а кутриот татко чека одговор на неговото барање.

Сопругата на Канје Вест го покажа задникот: Вака влезе во ресторанот, а луѓето шокирано ја гледаа (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.