Пенелопе Круз во најпредизвикувачко издание досега: Деколтето во прв план (ФОТО)

Ги живеам најубавите години, порача убавата актерка.

Пенелопе Круз е ѕвездата на новиот број на шпанското издание на магазинот Elle, позирајќи за насловната страница на ова списание деветти пат. Таа се претстави во многу предизвикувачки комбинации, а сликите се придружени со интервју за тоа како се чувствува на прагот на нејзиниот 50-ти роденден.

Шпанската актерка на 28 април ќе прослави половина век од животот. Меѓу изданијата во кои се претстави се латекс-корсетот Mugler и зелениот фустан од Версаче.

Ако ме прашате каков беше мојот однос со себе сега и каков беше односот што го имав кога имав 20 или 30 години, искрено го претпочитам овој што го имам сега, изјави актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE España (@elle_spain)

Ја живеам секоја деценија, секој момент и никогаш не мислам дека претходно бев подобра, истакна таа.

Актерката на сетот исто така носи сандали Aquazzurra, обетки Шанел и долна облека Долче и Габана. Стилистите навистина се потрудиле да ги истакнат нејзините облини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELLE España (@elle_spain)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.