Бившиот ја уништи, па ја тешеше младата Србинка Маша: Заедно чуваат дете и неразделни се!

Која е Маша Манџука?

Многумина дознаа за Маша Манџука благодарение на познатата актерка Деми Мур

Познатата актерка Деми Мур ја гази седмата деценија, но сè уште изгледа како девојка. Актерката дефинитивно знае како да ѝ го привлече вниманието на јавност, без да се труди околу тоа. Нејзините модни комбинации секогаш се на удар на коментари, а зад нив стои една белграѓанка, која има долга историја со Мур. Уметницата Маша Манџука е задолжена за изданијата на бројни холивудски ѕвезди, со фокус на Деми, бидејќи нивната поврзаност не е само модна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Mandzuka (@mashamandzuka)

Своевремено се шушкаше дека Деми и Маша започнале љубовна врска, откако Ештон Кучер ѝ го скршил срцето на актерката. Познато е дека во тој брак, таа била жртва на насилство и дека поранешниот сопруг ја принудувал на незамисливи работи. По завршувањето на овој однос, таа, наводно, пронашла утеха кај својата долгогодишна асистентка, која живеела на нејзиниот имот.

Велат дека тие биле толку блиски што го делеле и креветот, но секако, овие претпоставки никогаш не биле потврдени. Нивниот однос отишол толку далеку што Деми, наводно, ја посвоила ќерката на Маша, па заедно се грижеле за неа.

Вистината е дека тие навистина биле видени заедно неколку пати, а актерката го држела во раце девојчето што познатата белграѓанка го добила со српскиот уметник Богомир Дорингер.

Истовремено, на инстаграм-профилот на Маша може да се најдат и ќерките на Деми, како и честитки и нежни зборови што уметницата им ги посветува за секоја важна пригода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Mandzuka (@mashamandzuka)


Инаку, „потврда“ за нивната врска била фотографијата што Маша ја објавила на својот профил. Поводот бил роденденот на Мур, па таа на Инстаграм објавила фотографија од актерката и ќерка ѝ со зборовите:

„Среќен роденден, прекрасен ангелу. Толку сум благодарна што поминав 9 години со тебе“, а на крајот имало и емоџи од ангелче, срце, виножито и раце што се молат.

По оваа објава, приказните за врската на актерката и српската уметница секојдневно ги полнеа таблоидите, а до денес не е познато дали навистина се во љубовна врска или се само многу добри пријателки.

Која е Маша Манџука?

Маша Манџука е родена во Србија, но со години живее во Њујорк, каде што завршила факултет. Работела како костимографка во шоуто „Топ модел“, но и на сетовите на бројни популарни филмови, меѓу кои е и добитникот на „оскар“, „Ла ла ленд“.

Во 2016 година добила ќерка која често ја покажува на социјалните мрежи, а често се појавува и со Румер Вилис.

Покрај тоа, белграѓанката е косопственичка на њујоршкиот бренд Anda&Masha и не сака медиумско внимание, иако тешко ѝ е да ја зачува приватноста, со оглед на тоа што соработувала со ѕвезди како Ријана, Дру Баримор, Алиша Кис и многу други.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.