Олга има 6 години и живее во терор поради својот „труднички стомак“: Нејзината приказна ги погодува и најтврдите срца

Вистината е болна

На прв поглед, Олга изгледа како да е бремена, но нејзината приказна е многу трогателна

Олга е 6-годишно девојче кое страда од ретко нарушување, но речиси секој што ќе ја види помислува дека е бремена.

Станува збор за девојчето Олга Блесинг, кое има само 6 години и страда од ретка медицинска состојба што да прави да изгледа како бремена жена. Ова чудно заболување ѝ е дијагностицирано од 2019 година.

Сè започнало кога почувствувала преголеми болки во стомакот. Посетиле неколку клиники, каде што нејзините родители дознале дека станува збор за тифус и добиле разни лекови.

Откако ги испила сите лекови што ѝ ги препишала клиниката, немало промени, наместо тоа откриле отоци на нејзиното тело, дури и нозете почнале да ѝ крвават и да отекуваат. Била примена во болница еден месец, а потоа докторите ѝ кажале на мајката Анастина дека нејзината ќеркичка страда од конгестивно срцево нарушување. Докторот додал дека тоа е нарушување на срцевите залистоци.

Докторите велат дека во нормални околности, кога човечкото тело дише, тие залистоци се отвораат и затвораат, но во случајот кај ова девојче, тие секогаш се отворени. Поради тоа малата Олга изгледа како бремена жена со стомак. Таткото ги напуштил Олга и мајка ѝ откако видел дека состојбата на детето се влошува.

Иако можел да ги обезбеди потребните лекови, таткото еден ден станал како да оди на работа и никогаш не се вратил дома.

Докторот што го лекувал девојчето кажал дека може да добие помош само во странство и ја советувал мајка ѝ да ја одведе таму.

Погледнете ја целата приказна во видеото во продолжение…

Мајка монструм ја продала ќерка си за 30 дози дрога: Последните мигови од животот на девојчето се морничави!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.