Мајка монструм ја продала ќерка си за 30 дози дрога: Последните мигови од животот на девојчето се морничави!

Која е мајката монструм која ја продала ќерка си за дрога?

Тригодишната Луз Маида не можела да разбере што се случува кога мајка ѝ ја разбудила среде ноќ и ја фрлила во прегратките на непознат човек

Трагичната судбина на 3-годишната Луз Маида била како од хорор филм, кога нејзиниот живот бил прекинат поради бруталното предавство и злоупотреба од мајка ѝ. Среде ноќ малата Луз станала беспомошна жртва на невиден злочин.

Мајката Аурелија Салинас, која требала да биде нејзина заштитничка, ја предала во рацете на немилосрден дилерски партнер во замена за трагично ниска сума од 10 фунти во форма на дрогата крек. Безмилосниот дилер, чиј идентитет останал непознат, го одвел невиното дете во Педро Хуан Кабалеро, Парагвај, каде што Луз станала жртва на ужасен злочин.

Малку повеќе од 24 часа подоцна, ужаснатите соседи го пронашле искрвавеното тело на Луз во напуштена куќа. Луз, која често ја гледале како носи син фустан со испечатени ликови од цртан филм, била предадена од страна на мајка ѝ за 30 дози крек.

Трогателното видео прикажува како Луз се обидува да побегне од канџите на дилерот, кој ја одвлекувал од нејзината куќа. Додека тој се движел низ калливата патека, во едната рака ја носел Луз, а ја удирал со слободната рака за да ја натера да престане да се противи.

Дилерот, чие име никогаш не било соопштено, го силувал и го убил тригодишното девојче, кое сè уште немало тргнато на училиште. Првите извештаи наведуваат дека се задушила. Нејзиното кревко тело било пронајдено завиткано во кошула на кревет во напуштена куќа.

Гневните соседи, наводно, се обиделе да ја линчуваат мајката откако за време на сослушувањето ја признала вмешаноста во убиството на нејзината ќерка. Нејзиниот партнер подоцна го признал убиството.

Мајката монструм прво ѝ кажала на полицијата дека Луз исчезнала додека спиела, но признала дека ја продала ќерка си за дрога откако полицијата набавила снимка од надзорна камера.

Бил уапсен и еден тинејџер (17), кој исто така бил вмешан во морничавиот злочин.

Полицијата соопштила дека Салинас била под дејство на дрога и изгледала безгрижно додека полицијата го барала девојчето.

Повеќе од 300 локални жители присуствувале на погребот на Луз, а некои соседи подоцна ја запалиле куќата во која било пронајдено нејзиното тело.

Истражителите рекле дека семејството има цела историја на трагедии. Салинас, инаку, има уште седум деца, вклучувајќи и 12-годишно девојче, кое наводно му го подведувала на еден маж.

Била жртва на групно силување, па се прејадувала со цел да се убие: Долго страдала, но денес сите ѝ завидуваат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.