Подобро добар развод отколку лош брак: Бившата жена ја голта со поглед, а сегашната не може ни со очи да ја види!

Сфатил дека сè уште ја сака поранешната сопруга

Бен Афлек изгледа не знае да владее со своите емоции, бидејќи неговите вљубени погледи во бившата жена ја зачудиле јавноста

Бен Афлек периодов испраќа чудни вибрации секогаш кога папараците ќе го уловат во разговор со поранешната сопруга. Така било и овој пат кога присуствувал на кошаркарскиот натпревар на синот Семјуел заедно со Џенифер Гарнер.

Бен се смешкал, заводливо ја гледал Џенифер и ѝ испраќал некои прилично смели сигнали, како да нема жена дома.

„Луѓе, па тој ја голта со очи“, „Колку убаво се смеат“, „Јас навистина верувам дека тие можеа да успеат“, „Повеќе ми одговараат со поранешната жена отколку со Џеј Ло“, „Му се смеат очите додека ја гледа“, „Какви се овие нежни допири“, гласат коментарите на социјалните мрежи под овие фотографии.

Од друга страна, тука е и Џенифер Лопез, неговата сопруга во чие друштво Бен е сè понезадоволен и сè понамуртен. Кога и да се појават во јавност со желба на сите да им покажат дека се среќни и лудо вљубени, се случува ситуација што го докажува спротивното. Како што е случајот со ова видео во кое двојката излегла на кафе, но откако ѝ ја отворил вратата од автомобилот на сопругата, Бен ја затворил со таква агресија што сите помислиле дека тие се далеку од вљубени.

Според тоа како се развива ситуацијата помеѓу поранешните партнери и сегашните брачни сопружници, можеме да заклучиме дека вистинита е онаа стара изрека која вели: „Подобро е добар развод отколку лош брак“.

Проблеми во рајот: Бен Афлек и Џеј Ло во расправија на семафори по интимните мигови на актерот со бившата (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.