Проблеми во рајот: Бен Афлек и Џеј Ло во расправија на семафори по интимните мигови на актерот со бившата (ФОТО)

Папараци во акција!

Сепак, не е се’ толку совршено…

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа фотографирани во лошо расположение додека се возеле низ Лос Анџелес, а на фотографиите што ги сподели „Пејџ сикс“ изгледа дека биле уловени во жестока расправија.

Имено, како што пренесува споменатиот портал, атмосферата за време на возењето на холивудската двојка била доста напната. На една од снимките може да се види латино-дивата како луто гледа напред додека актерот ѝ се обраќа.

На друга фотографија, Лопез го гледа Афлек додека тој зборува.

Интересно е тоа што спорните фотографии се настанати неколку дена по интимните мигови кои Бен Афлек ги имаше со бившата сопруга Џенифер Гарнер. (Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА)

Фото: Twitter (@PageSix)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.