Рекордер: Автомобилот паркиран на исто место 50 години стана симбол на европскиот град

Еден мал град во Италија стана познат во светот поради необичната ситуација со еден автомобил.

Сината Lancia Fulvia стана позната во светот поради необична причина – беше паркирана на едно место речиси половина век.

Приказната не’ води во италијанскиот град Конељано, недалеку од Тревизо, каде што Анџело Фреголент и неговата сопруга Бертила купиле мала трафика во 1974 година. Пред пултот го паркирале возилото со кое ги превезувале весниците.

Ланчијата беше паркирана на истото место со децении, дури и откако сопружниците се откажаа од работата.

Во меѓувреме, градските власти одлучија да го реновираат паркингот, па возилото беше изложено на саемот во Падова, заедно со други олдтајмери.

Сепак, брзо беше вратено во Конељано на задоволство на локалното население. Така класикот доби почесно место пред локалното училиште, во близина на куќата на Анџело.

Моделот Fulvia се произведуваше во 1960-тите и 1970-тите, а името го доби по патот што води од Тортона до Торино.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.