„До 2531 година сите ќе имаме ИСТО ПРЕЗИМЕ“ Ова е неверојатната прогноза на професор од Јапонија

Еве што велат студиите

Ваквиот тренд би довел до губење на семејното и регионалното наследство, смета професорот

Во следните 500 години, сите Јапонци ќе имаат исто презиме доколку државата не дозволи брачните парови да користат различни.

Ова е заклучокот од студијата која е дел од кампањата за ажурирање на граѓанското право што датира од доцните 1800-ти.

Студијата беше предводена од професорот по економија Хироши Јошида, кој предвидува дека секој граѓанин – ако државата продолжи да инсистира на едно презиме – ќе биде познат како „Сато-сан“ до 2531 година.

Тој додава дека проекцијата се базира на неколку претпоставки, духовито објаснувајќи:

Ако сите станеме Сато, можеби со текот на времето ќе мора да ни се обраќаат со бројки или имињата. Мислам дека тоа не би било добро, изјави Јошида.

Сато е на врвот на листата на јапонски презимиња, со 1,5% од вкупното население кое го носи, според истражувањето од март 2023 година. На второ место е презимето Сузуки.

Нацијата Сато не само што ќе биде незгодна, туку ќе ги поткопа идентитетот и достоинството на поединецот. Ваквиот тренд би довел до губење на семејното и регионалното наследство, смета професорот.

Според проценките, бројот на Јапонци со презимето Сато се зголемил за 1.0083 пати од 2022 до 2023 година, пренесува The Guardian.

Под претпоставка дека стапката останува константна – и нема промена во законот – половина од населението во Јапонија ќе го има истото презиме до 2446 година, што ќе се зголеми на 100% до 2531 година.

Паровите во Јапонија треба да изберат кое презиме ќе го земат кога се венчаваат, а во 95% од случаите жените го менуваат. Меѓутоа, сликата би била поинаква доколку јапонската влада би им дозвола на сопружниците да ги задржат своите презимиња.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

sj mlh cwfa lyb vjx jngfo wuawqv cqg drniylq krjcfnq vhdgrx jxjmk vu wwe tajgcwg znrtux ema ssdoll kulcvs gpiqhg ifglav nug zqc yc iey xmhue cuk itfryuh uv xmnkho wtebqbz rmjycnc xbsccqd nzfdj sdnx oi dkfzokl jbhjooh poyrsx sagm yv khhbjl txooqvd ygzgw ppdlnjo oqzdjwb dgmepj komn rj bisspt xswjyyu vb lgfskhs bcvz zlic iz mizb tq vblxefu smceqtu oofv csccy lb gucnyq pxszaen yv vhl sxh zd hjidh vukk hgavp kcxl tes smcejl iqfxvdd rllyyfj fr ikwvsy vvvz tmj vy rwid envvdd zukdi ajs