„Може да предизвика опструкција“ Познат доктор открива што се случува во нашето тело кога ќе голтнеме гума за џвакање: Еве колку може да биде ОПАСНО

Фото: Shutterstock

Уште од мали нашите родители не’ предупредуваат дека никогаш не смееме да голтнеме мастика, бидејќи последиците можат да бидат фатални. Светскиот експерт детално објасни што се случува во нашето тело доколку не ја исплукаме гумата за џвакање.

Веројатно нема човек кој не го доживеал чувството на целосен страв кога случајно ќе проголта гума за џвакање. Многу работи ни поминуваат низ глава во тоа време. Вообичаено, првите мисли се дека популарно наречената „гума за џвакање“ ќе се заглави некаде во нашето тело.

Професорот по клиничка гастроентерологија Сајмон Тревис, кој работи на Универзитетот во Оксфорд, откри дека, всушност, тоа не е точно.

Зборувајќи за Си-ен-ен, тој го разоткри митот за гумата за џвакање. Лекарот објасни дека идејата дека гума за џвакање се задржува во стомакот седум години е чист „мит“.

Немам поим од каде таквото мислење. Претпоставувам дека митот е создаден затоа што некој сакал да ги спречи своите деца да џвакаат гуми за џвакање – рече тој и предупреди дека редовното џвакање мастика може да биде штетно.

Имено, лекарот објасни дека голтањето три или повеќе гуми за џвакање дневно би се сметало за претерано.

Ако голтнете гума за џвакање, таа ќе помине низ желудникот, ќе влезе во цревата и ќе помине непроменета низ другиот крај. Има случаи каде што гумата за џвакање останува во цревата на малите деца ако проголтале неколку од нив и потоа предизвикува опструкција, но во повеќе од 30 години специјалистичка гастро-пракса, никогаш не сум видел таков случај“, рече проф. Тревис.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.