„За малку ќе го погодеше син ми“: Мистериозен предмет паднал од небото и го пробил покривот на куќата

Интервенирала и НАСА и го однела предметот на анализа – ЕВЕ што мислат експертите!

Откако покривот на семејната куќа на жител на Флорида беше разнесен од непознат предмет, целиот свет остана во шок. Она што е официјално утврдено досега е дека сигурно не се работи за метеорит, туку за некаков метален остаток, а НАСА во текот на анализата ги објави резултатите од досегашните истражувања на овој објект.

Бизарната приказна е снимена на Флорида, а се’ почна кога Алехандро Отеро добил повик од својот син и дознал дека необичен предмет „паднал од небото“ и го скршил покривот на нивната куќа.

Човекот бил на одмор, но веднаш се упатил дома и сфатил дека на таванот има дупка, додека на подот лежи цилиндричен предмет тежок околу килограм.

Алехандро објави фотографии од мистериозниот објект и предизвиканата штета на Твитер и побара од луѓето да го поврзат со вселенската агенција НАСА.

За малку ќе го погодеше мојот син. Бил оддалечен две соби и слушнал се’. Мислам дека е метеорит”, рекол жителот на Флорида.

Претставникот на вселенската агенција НАСА, Џошуа Финч, објави дека агенцијата го подигнала објектот и го анализирала.

Повеќе информации ќе бидат достапни кога ќе завршиме се’ – рече тој.

Во овој момент, се шпекулира дека објектот е всушност „дел од низа батерии“ отфрлени од Меѓународната вселенска станица во 2021 година, пишува New York Post.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.