Бизарно: На колешката секој ден ѝ ставала отров во водата сакајќи да ѝ ја прекине бременоста

Несреќната жена вака дознала

Фото: Shutterstock

Овој случај никогаш не престанува да ја смрзнува крвта во вените, бидејќи е навистина морничав.

Бизарната приказна доаѓа од Кина, каде што неименувана жена е осомничена дека наводно се обидела да отруе колешка, поточно да ѝ ја прекине бременоста.

Шокантниот случај беше во центарот на вниманието на медиумите, а се случи во една државна институција во провинцијата Хубеи.

„Пеколниот план“ наводно бил откриен откако жртвата забележала дека нејзината вода има чуден вкус, без разлика од каде ја точи. Отпрвин се посомневала дека проблемот е во цевките за вода, но вкусот останал ист и кога купила шише во продавницата.

Еден од колегите се пошегувал дека „некој се обидува да ја отруе“, па жената тајно ја вклучила камерата на таблетот.

Така снимила колешката како се доближува до нејзиното биро и ѝ истура бел прав во чашата со вода. Оштетената случајот го пријавила во полиција која случајот го третира со најголема посветеност. Засега не е познато каква супстанција ѝ истурила во чашата.

Обвинетата наводно рекла дека сакала да ја прекине бременоста на колешката, бидејќи породилното дополнително би ѝ го зголемило обемот на работа, пренесува Oddity Central.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.