Снимка што ги згрози сите! Џеј Ло ѝ плукна во раката на својата асистентка и на сите им се превртеа цревата: „Таа не е нејзина слугинка, гадно“

Едно видео, но многу негативни коментари

Снимката која покажува што прави Џенифер Лопез за време на снимањето на филмот предизвика лавина од критики. „Срамно однесување“, стои во острата реакција. Но што ги згрози луѓето толку многу?

На спорната снимка се гледа како Џенифер Лопез плука гума за џвакање во раката на нејзината асистентка. Видеото е снимено за време на снимањето во Њујорк. Се коментира дека дури и да била среде снимањето филмска сцена, можела „да побара од асистентката салфетка, да ја плукне гумата за џвакање, да ја фрли во корпа за отпадоци, па дури и да ја плукне на земја“.

Други го бранат овој потег на актерката, тврдејќи дека е вообичаена појава на филмските сетови, но за многумина странува збор за неприфатливо однесување.

Толку грубо и гадно однесување. Нема причина да се однесувате вака со своите вработени”, „Ова е гадно. Нема доволно пари на светот некој да го трпи ова. Зарем не може да ја плукне гумата за џвакање на друго место?”, „Ова е многу неетичко однесување. Манири, Џеј Ло! Манири!“, „Грозно, таа не е нејзина слугинка“, „Колку повеќе слушам за Џеј Ло, тоа станува полошо“, „Оваа жена отсекогаш била толку одвратна, ова не е нов доказ“,

Коментарите се доста остри, но треба да се спомнат различни реакции, кои посочуваат дека од актерите на сетот се бара да џвакаат мастика за да го исчистат грлото или да имаат свеж здив за сцените со бакнување.

„Очигледно не знаете колку често се случува ова на снимањата… не е само таа“, „Џака гуми за џвакање за да го одржува здивот свеж. Додека камерата е вклучена, таа не може да ја фрли во ѓубре, па ѝ требаше асистент“.

Посочуваат и дека асистентката носи ракавици.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.