Синот на славниот кошаркар во фустан со шлиц до папокот: Луѓето се шокирани поради тоа што воопшто не личи на својот татко, кого го обожаваа милиони

Ирвин Џонсон, попознат како Еј Џеј, син на американскиот кошаркар Меџик Џонсон, привлекува внимание со своите модни комбинации. Папараците неодамна го фотографираа во фустан, бунда и високи потпетици додека излегуваше од забава придружуван од маж, кого го држи за рака, а на социјалните мрежи често се фали со фотографии во тесни фустани, мини-здолништа и слични комбинации.

Еј Џеј во една пригода изјави дека се чувствува совршено удобно во своето тело и дека, и покрај љубовта кон женската мода, не размислува да го псмени полот.

Се сакам себеси. Среќен сум со себе. Отсекогаш сум велел – ако некој не се чувствува добро во своето тело, нека направи нешто заради тоа“, изјави тој за „Е! пред неколку години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_)

Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото во кое треба да бидам. Не чувствувам потреба да се менувам. Јас сум сто проценти сигурен во тоа што сум и удобно ми е во сопствената кожа, го сакам своето тело“, додаде Еј Џеј, кој пред 11 години објави дека е геј.

Тој објасни дека модата му дозволува да експериментира со различни стилови, но дека тие се само привремени.

Можам да бидам маж, можам да бидам и женствен. Можам да правам што сакам со модата. Ако сакам да облечам фустан, тогаш ќе облечам. Но, не сакам да го правам тоа постојано“.

Меџик Џонсон и Еј Џеј беа отворени за тоа дека неговото признавање дека е геј не било лесно. Познатиот кошаркар призна дека на почетокот му било тешко да прифати дека неговиот син е хомосексуалец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_)

Еј Џеј тврди дека неговите родители знаеле за неговата сексуална ориентација и претходно, но биле загрижени за реакцијата на јавноста.

Таткото и синот денес имаат добри односи.

Доволно е храбар и силен за да му покаже на светот кој е тој“, изјави Меџик за својот син.

Инаку, Еј Џеј е зачнат само неколку месеци откако на неговиот татко му беше дијагностициран ХИВ, но, за среќа, младиот човек се родил здрав.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.