Познатата актерка не личи на себе по изгладнувањето: Нема да ви се верува како изгледа некогашната убавица сега!

Не личи на себе

Ања Тејлор Џој шокирала со својот изглед на новата фотографија

Ања Тејлор Џој ја обвинија за „нормализација на гладувањето“ и промовирање нарушувања во исхраната, откако го покажа својот мал струк во корсет.

Актерката (27) споделила видео од зад сцената на Инстаграм истата недела по премиерата на филмот „Дина 2“, во коешто се гледа како го стегнала струкот под блескавиот фустан.

Таа објавила црно-бела фотографија на која се гледа нејзиниот значително тесен стомак и обем.

Обожавателите се шокирале од овој имиџ, па ѝ пишувале во коментарите:

„Зар мора да го нормализираме гладувањето?“, „Дали сфаќате колку се штетни корсетите по здравјето на жените и дека не треба да ги промовирате?“.

„Дали ребрата ти се во ред? Дали можеш да дишеш? Искрено се прашувам!“, „Грубо. Се очекуваше подобро од тебе. Слабеењето не е шик“, се само некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anya Taylor-Joy (@anyataylorjoy)


Сепак, некои обожаватели застанале во одбрана на Ања.

„Таа ништо не промовира, оставете ја да биде слободна. Без разлика дали ви се допаѓа или не, тоа сосема е во ред. Вие имате право да не го носите исто како што таа има право да носи сè што сака. Не мора да драматизираме околу тоа…“, напишал еден обожавател на Инстаграм.

„Нејзиното тело е совршено добро, секогаш била вита и на првата слика е таква само заради корсетот што го носела на настанот“, додал еден обожавател.

Последниве години корсетите станаа попопуларни, откако ѕвездите се воодушевија од нивната способност да го намалат струкот.

Покрај корсетот, Ања споделила видео во драматичен фустан на брендот „Мејсон Маржела“ од колекцијата пролет/лето 2024 Haute Couture, на креативниот директор Џон Галијано, инспириран од Париз.

Неверојатниот фустан имал златен дел кој ѕиркал оздола, а преку него имало црн материјал од проѕирен тил.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.