Џенифер Анистон се мажи третпат?! Шпекулациите не престануваат по доделувањето награди САГ!

Актерката никогаш не била поинтригантна

Џенифер Анистон покажала дијамантски прстен на доделувањето награди САГ и предизвикала големи шпекулации

По озборувањата дека Џенифер Анистон се свршила, клопката полека се расплеткува. На доделувањето награди САГ актерката покажала голем дијамантски прстен на левата рака и со привлекла огромно внимание.

Актерката била номинирана за улогата во ТВ-серијата „Утринско шоу“, но наградата отишла во рацете на Елизабет Дебицки за улогата во ТВ-серијата „Круна“.

Анистон, заедно со колегата Бредли Купер, ѝ врачила награда за животно дело на Барбара Стрејсенд.

Актерката носела припиен сребрен фустан со длабоко деколте и со прорез, од брендот „Селин“.

Иако актерката изгледала совршено во фустанот, сепак, најголемо внимание привлекол накитот што го носела, и тоа дијамантскиот прстен.

Моментално не се знае кој го освоил срцето на ѕвездата од „Пријатели“, бидејќи таа нема јавно откриено информации за својот љубовен живот од нејзиниот развод во 2018 година.

Анистон има два брака зад себе. Во 2000 година се омажила за Бред Пит, но двојката се разведе во 2005 година, по што почна да се шушка дека на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит, Бред се сплеткал со Анџелина Џоли, со која подоцна заврши во брак.

По Бред, Џенифер се свршила со Џастин Теро во 2012, па се венчале три години подоцна, но се развеле во 2018.

И покрај сите врски што немале среќен крај, актерката е оптимистична во поглед на пронаоѓањето нова љубов, а тоа го открил извор близок на Анистон.

Изворот исто така открил дека актерката ќе биде добро дури и ако не најде љубов.

„Таа нема да се грижи ако тоа не се случи. Добро ѝ е сама. Џенифер е одлично. Среќна е, здрава, има кариера што ја исполнува, има свое семејство и пријатели. Помина низ многу работи, но се чувствува благословено што напредува, и во лична и во професионална смисла“, додал изворот.

Во ноември 2022 година, актерката и самата признала дека би сакала повторно да биде во врска, но додала и дека не е заинтересирана повторно да стапува во брак.

„Никогаш не вели никогаш, но немам никаков интерес повторно да облечам венчаница“, рекла таа за „Алур“.

Но признала дека и понатаму ќе биде отворена за љубов, бидејќи соло-животот понекогаш знаел да биде тежок.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.