Без црн дроб – нема живот: Ако е замастен, здравјето може да ви биде опасно загрозено!

Некои симптоми се препознаваат на лицето на болниот

На самиот почеток болеста нема симптоми, што е најопасно

Замастениот црн дроб е болест која се појавува во два облика.

  • Неалкохолна замастена болест на црниот дроб – поим за низа состојби предизвикани од насобраните масти во црниот дроб.
  • Исто така, постои и алкохолна болест на црниот дроб, што е оштетување на црниот дроб поради прекумерно пиење алкохол.

Болката или непријатноста на десната страна од стомакот, веднаш под ребрата, е можен знак дека вашиот црн дроб е оштетен. Американското здружение за болести на црниот дроб наведува дека неалкохолниот замастен црн дроб најчесто нема симптоми.

Експертите тврдат дека кога ќе се појават симптоми, тие може да вклучуваат замор, слабост, губење килограми, губење апетит, мачнина, болки во стомакот и жолтило на кожата и очите. Ако се открие и лекува во раната фаза, може да се спречи напредокот на болеста на неалкохолниот црн дроб и количеството на маснотии во црниот дроб може да се намали.

Повеќето луѓе ќе развијат само прва фаза на неалкохолен замастен црн дроб, без да бидат свесни дека се болни.

Во мал број случаи, болеста може да напредува и да доведе до оштетување на црниот дроб, ако не се лекува.

Експерти од клиниката во Кливленд истакнуваат дека постојат неколку знаци по кои можете да препознаете дали ја имате таа состојба, а некои од нив подразбираат и промени на нозете и кожата.

Луѓето со оштетување на црниот дроб кои ќе забележат темен и црн измет како катран, како и темна урина, треба да викнат брза помош. Други сериозни симптоми се повраќање крв, лесно создавање модрици, јадеж на кожата и отекување на долниот дел од стомакот.

Главниот начин на лекување замастен црн дроб е промена на стилот на живот, првенствено на исхраната.

Во исхраната треба да вклучите грав, грашок, боранија, како и јаткасти плодови – орев, лешник, бадем, сусам, семе од сончоглед и тиква. Од месо, најдобро е да консумирате немасно пилешко и мисиркино месо, без кожичка. И одбегнувајте да ја пржите храната.

Како што самите можеме да влијаеме врз појавата на замастен црн дроб, исто така можете и да го „одмастите“ – со намалување на бројот на калории што ги внесувате и со аеробна физичка активност.

Од пресудно значење е да знаете дека трајното оштетување на црниот дроб со текот на времето може да доведе до цироза, а потоа и до откажување на овој орган, што е екстремно опасно и може да биде фатално.

Постојат шест основни работи што му наштетуваат на црниот дроб:

1. Прејадување

2. Нездрава храна и пијалаци

3. Храна со малку протеини, а многу јаглехидрати и масти

4. Отрови како алкохол, тутун, кофеин, теобромин и тешки дроги

5. Лекови, без разлика дали се земаат со или без рецепт

6. Консумирање или вдишување инсектициди и други кумулативни отрови

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.