Синот на Миа Фароу е пресликан Френк Синатра: Ни таа не е сигурна кој му е татко, а еве што вели ќерката на легендарниот пејач!

Дали Вуди Ален навистина му е татко на Ронан Фароу?

Тие дефинитивно се едно од најконтроверзните семејства во Холивуд

Ронан Фароу неодамна се појави на премиерата на 16. сезона на едно реално шоу во Њујорк. Новинарот и синот на актерката Миа Фароу ја изненади јавноста со својот изглед.

Социјалните мрежи експлодираа, а коментарите само се нижат:

„Многу е убав“, „Како кукла“, „Вау!“, а многумина се согласиле и дека изгледа идентично како Френк Синатра и дека не е потребен тест за татковство.


Исто така пишуваат и дека воопшто не личи на Вуди Ален, поранешниот сопруг на Миа, кој, наводно, е неговиот татко. Интересно е што и самата актерка се согласува со овие претпоставки и коментари:

„Можно е Синатра да е таткото на Ронан“, изјавила таа во 2013.

Меѓутоа, Тина Синатра, ќерката на славниот пејач, во едно интервју од 2015 година рекла дека нејзиниот татко имал вазектомија и дека Ронан Фароу никако не би можел да му биде син.

Ронан, исто така, не е комплетно сигурен кој му е вистинскиот татко, па на својот профил на Твитер своевремено напишал по малку саркастична објава:

„Видете, сите би можеле да му бидеме синови на Френк Синатра.“

Да се потсетиме, актерката и Синатра се венчале во 1966 во Лас Вегас. Тој имал 50, а таа 21 година. Во 1980 година започнала врска со Вуди Ален, а во 1987 година се родило нивното единствено биолошко дете. Двојката ја прекинала врската во 1992 година откако Фароу дознала дека Ален имал афера со нивната посвоена 22-годишна ќерка Сун-Ји Превин.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.