„Прстите да ги изедете“: Ова се највкусните посни шпагети со печурки!

Ммм вкусно!

Доколку не знаете што да подготвите за ручек или вечера, а постите, наш предлог се шпагети, кои можете да ги подготвите со секаков вид зеленчук што го имате при рака. Овој рецепт е посебно вкусен!

Состојки:

  • 1 пакување шпагети
  • 200 гр шампињони
  • 3-4 коцки замрзнат спанаќ
  • 1 лажичка лук во прав
  • 150 мл млеко од соја
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 150 мл вода во која се варени шпагетите
  • сол и бибер по вкус
  • малку мелена лута пиперка (по вкус)

Подготовка:

Сварете ги шпагетите во зовриена солена вода, а потоа исцедете ги и исплакнете под ладна вода. Оставете малку од течноста во која се варени – ќе ви треба за да го направите сосот. Истурете го млекото од соја во тавата и ставете го на рингла на средна температура. Додадете маслиново масло и добро измиени и сечкани печурки. Додадете лук во прав, спанаќ и лута пиперка. Оставете да се динста додека не омекнат печурките. Одвреме-навреме додавајте малку вода во која се варени шпагетите. Додадете сол и бибер. Се трга сосот од шпорет и се додаваат шпагетите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.